X
 26.04.2022 Живот

Професии што ќе бидат најбарани

Кога зборуваме за работните места и иднината, некако секогаш се наметнува темата за роботи и автоматизација. Меѓутоа, таа приказна има „две страни на паричката“.

Од една страна, роботиката многу помага да се поедностават и забрзаат одредени процеси, додека, од друга страна, добрата вест е што машините не можат да ги „украдат“ сите работни места и да ги остават луѓето без приходи.

„Бизнис инсајдер“ состави листа со 30 врвни работни позиции што ќе доминираат во САД, во иднината, а ние ви пренесуваме некои од нив:

- Индустриски инженери, со просечна годишна плата од 88.950 долари во 2020 година; оваа позиција бара диплома и се очекуваат 30.000 слободни работни места до 2029 година.

- Маркетинг-менаџери, со просечна годишна плата од 142.170 долари во 2020 година; оваа позиција бара високо образование и се очекува да има 19.100 слободни работни места до 2029 година.

- Даватели на компјутерска поддршка, со просечна годишна плата од 52.690 долари во 2020 година; оваа позиција не бара високо образование и се очекува да има 54.800 слободни работни места до 2029 година.

- Експерти за човечки ресурси, со просечна годишна плата од 63.490 долари во 2020 година; оваа позиција бара диплома од факултет и се очекуваат 46.900 слободни работни места до 2029 година.

- Наставници во основни училишта, со просечна годишна плата од 60.940 долари во 2020 година; оваа позиција бара високо образование и се очекува да има 51.400 слободни работни места до 2029 година.

- Лиценцирани медицински сестри, со просечна годишна плата од 48.820 долари во 2020 година; оваа позиција не бара високо образование и се очекува да има 65.700 слободни работни места до 2029 година.

profesii
Фото: Freepik

- Логопеди, со просечна годишна плата од 80.480 долари во 2020 година; за оваа позиција е потребен факултет и се очекуваат 40.500 слободни места до 2029 година.

- Индустриски механичари, со средна годишна плата од 55.490 долари во 2020 година; оваа позиција не бара високо образование и се очекува да има 62.300 слободни работни места до 2029 година.

- Електричари, со просечна годишна плата од 56.900 долари во 2020 година; оваа позиција не бара високо образование и се очекуваат 62.200 слободни работни места до 2029 година.

- Советници за ментално здравје, злоупотреба на супстанции и нарушувања во однесувањето, со просечна годишна плата од 47.660 долари во 2020 година; оваа позиција бара високо образование и се очекува да има 79.000 слободни работни места до 2029 година.

Меѓу другите атрактивни работни места се оние од областа на давање услуги од туризам, финансии, осигурување, како и општа медицинска струка, како што се офталмолозите.

Според „Бизнис инсајдер“, ќе се бараат и градежни менаџери, адвокати, аналитичари за сајбер-безбедност, физијатри и нивни помошници, сметководители, финансиски менаџери и, воопшто, даватели на медицински услуги.

Исто така, ИТ-експертите од сите профили, а особено развивачите на софтвер, традиционално се високо рангирани, со просечна плата од 110.140 долари во 2020 година.

Извор: Biznis.telegraf.rs
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот