Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во август 2021 година во Македонија изнесува 28.642 денари, додека просечната месечна исплатена бруто-плата изнесува 42.776 денари, извести Државниот завод за статистика.
Според податоците, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во август 2021 година, во однос на август 2020 година, изнесува 104,0.
- Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: стручни, научни и технички дејности (14%), објекти за сместување и сервисни дејности со храна (13,4 %) и други услужни дејности (12,6%). Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: земјоделство, шумарство и рибарство (5,5%), уметност, забава и рекреација (3,6 %) и објекти за сместување и сервисни дејности со храна (3,1%) - стои во извештајот.
Фото: Државен завод за статистика (printscreen)
Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во август 2021 година, во однос на август 2020 година, изнесува 104,2.
- Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во секторите: стручни, научни и технички дејности (14,1%), објекти за сместување и сервисни дејности со храна (13,7%) и други услужни дејности (12,9%). Зголемување на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: земјоделство, шумарство и рибарство (4,4 %), уметност, забава и рекреација (3,9 %) и објекти за сместување и сервисни дејности со храна (3,2 %) - се додава во извештајот.
Фото: Државен завод за статистика (printscreen)
Насловна фотографја: Freepik