Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во септември 2021 година изнесува 28.869 денари, додека просечната месечна исплатена бруто-плата за истиот месец е 43.137 денари, соопшти Државниот завод за статистика.
Индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во септември 2021 година, во споредба со септември 2020 година, изнесува 105,3.
- Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите информации и комуникации (13,2%), рударство и вадење камен (12,8%) и објекти за сместување и сервисни дејности со храна (12,5%). Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во споредба со претходниот месец, е забележано во секторите рударство и вадење камен (4,4%), информации и комуникации (2,5%) и преработувачка индустрија (2,2%) - стои во соопштението.
Фото: ДЗС (printscreen)
Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во септември 2021 година, во споредба со септември 2020 година, изнесува 105,4.
- Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во секторите информации и комуникации (13,4%), рударство и вадење камен (13,3%) и објекти за сместување и сервисни дејности со храна (12,8%). Зголемување на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во споредба со претходниот месец, е забележано во секторите рударство и вадење камен (4,5%), информации и комуникации (2,5%) и преработувачка индустрија (2.3%) - истакнуваат од ДЗС.
Фото: ДЗС (printscreen)