Утре и в четврток времето ќе биде променливо облачно со повремен локален дожд, а на планините со повремен локален снег.
В петок и в сабота ќе настапи преодно стабилизирање на времето, а в недела се очекуваат нови локални врнежи од дожд и снег на планините.
Како што најавуваат од УХМР, од петок утринските температури на повеќе места ќе бидат под нула.
Извор: МИА