Лу Гашевски (некогаш Љупчо), сосема случајно го засакал дизајнирањето автомобили, а веќе 15 години е еден од дизајнерите за Fiat Chrysler Automobile (некогашен „Дајмлер Крајслер“)
Македонец од Куманово дизајнира автомобили за „Крајслер“, што се случува со итните вработувања на Институтот за хемија, како да го намалиме аерозагадувањето со енергетски ефикасни објекти, колумна за малограѓанштината. Што истражуваше тимот на Факултети.мк неделава?
Малограѓанинот нема поим од уметноста, ниту од книжевноста. Научил да чита само весници за да биде известен. Тој не ги разликува ниту писателите, а може да биде зачленет во читателски клуб. Прочитајте ја
тука колумната на новинарката Соња Алексоска-Неделковска.
Лу Гашевски
Повеќето момчиња обожаваат да цртаат и да си играат со автомобили. Некои од нив од мали сонуваат еден ден да направат вистински автомобили. Тоа не е
приказната на Лу Гашевски (некогаш Љупчо), кој сосема случајно го засакал дизајнирањето автомобили, а веќе 15 години е еден од дизајнерите за Fiat Chrysler Automobile (некогашен „Дајмлер Крајслер“).
Од протестот на Институтот за хемија
Дури на 17 декември во Министерството за финансии пристигнало
барањето за итните шест вработувања на Институтот за хемија, кои требаше да ги достави Министерството за образование и наука. Заплеткани во административните канали, шесте барања за вработувања веројатно ја изгубија трката со предизборното затишје, иако Институтот за хемија првпат ги побарало на 27 август.
Милчо Георгиевски
Милчо Георгиевски, историчар на уметноста, е пред крајот на својот работен век.
Прочитајте што значи четврт век да се биде опкружен со икони, некои од нив ремек-дела на светската средновековна уметност. Георгиевски е кустос-советник во Галеријата на икони при Заводот за заштита на спомениците на културата и Музеј од Охрид.
Марија Станковска
Како можеме да го намалиме аерозагадувањето со енергетски ефикасни објекти? Марија Станковска, контролор за енергетска ефикасност,
изработила стратегијата во која предлага да се намалат комуналиите што ги плаќаат инвеститорите, а за разликата во цената да се обврзат да финансираат енергетски ефикасни објекти.
Студентите на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ се сѐ поблиску до моментот да изберат свој студентски лидер, кој треба да ги застапува нивните права. Во изминатите неколку недели на сите 23 факултети што функционираат во рамките на Универзитетот се организираа избори за претседател и членови на студентските собранија.