Сите ученици и студенти што оствариле право на стипендија пред учебната, односно академската 2021/22 година и доставиле анекси кон нивните договори за изедначување на стипендијата, ќе можат да потпишат спогодба со Министерството за образование и наука за ретоактивна исплата на разликата до зголемената стипендија за академската 2021/22 и за дел од 2022/23 година.
Износот на разликата за студентите ќе се надомести преку две исплати, односно еден дел ќе им биде префрлен на трансакциските сметки во октомври 2023 година, а вториот дел во февруари 2024 година. Додека за учениците износот на разликата до зголемените стипендии ќе се исплати во октомври 2023 година.
Од МОН напоменуваат дека спогодбите ќе можат да ги потпишат само учениците, односно студентите кои доставија анекси на договорите за стипендија до Министерството за образование и наука во предвидениот рок.