X
 23.06.2017 Живот

Познати брендови чии имиња ги изговараме погрешно

Во нашата земја, често пати странските имиња добиваат свои домашни верзии, за да се прилагодат на локалното население. Обично ова преведување е правилно, меѓутоа постојат случаи кога одредени термини не се преведуваат на најдобар начин, а сепак останале длабоко вкоренети во јазикот на населението.

За што точно станува збор погледнете во примерите подолу.

1. „Huawei“

Како би ја прочитале оваа марка на телефон? Хуавеј, нели? Сепак, тоа не е точно. Вистинскиот начин за изговор е Вавеј.

2. „Hyundai“


Правилниот изговор на оваа марка на автомобили не е Хјундаи, туку Хјанде. Отворете „Google Translate“, напишете го зборот, изберете корејски и притиснете на малиот звучник кој ќе ви го прочита зборот.

3. „Nike“

Иако овој познат спортски бренд го изговараме Најк, сепак правилниот изговор е Најки, додека Најк е усвоен како еден вид на европско име.

4. „Adobe“

Истото се случува и со „Adobe“. Иако ние го изговараме Адоуб, сепак правилното име е Адоби.

5. „Lamborghini“


Овој супер брз автомобил обично кај нас се изговара Ламбурџини, но правилното читање на италијански би било Ламборгини.

6.„ Sergio Tacchini“

Серџио Тачини всушност е Серџо Такиини.

7. „Bvlagari“


Уште еден познат италијански бренд. Иако повеќето луѓе ова име го изговараат правилно (Булгари), акцентот не би требало да биде на првото у. Тоа треба да биде пократко, а акцентот оди на крајот, така што би требало да го читаме како Булгариии.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот