X
 23.02.2019 Живот

Јапонскиот министер Јошитака Сакурада упати јавно извинување откако задоцнил 3 минути

Јапонскиот министер за Олимпијада и сајбер-безбедност упати јавно извинување откако пристигнал три минути подоцна на парламентарната средба.

Опозициските пратеници изјавија дека неговото доцнење покажува непочитување кон неговата канцеларија и го бојкотираа буџетскиот комитет пет часа.

Тие се прилично критично насочени кон Сакурада по серијата негови гафови.

japonski
Фото: Reuters


Минатата недела тој изјави дека е разочаран што на надежната пливачка Рикако Ики ѝ била дијагностицирана леукемија.

- Таа е потенцијален добитник на златен медал, спортист од кој имавме големи очекувања. Јас сум навистина разочаран - изјави тој, а потоа бил принуден да се извини.

Во 2016 година тој исто така беше критикуван затоа што ги опишал таканаречените жени за утеха принудени да им обезбедат сексуални услуги на јапонските воени трупи како „професионални проститутки“.

А минатата година тој изјави дека никогаш не користел компјутер, додавајќи дека секогаш им ја делегирал работата на своите подредени.

Опозицијата веќе неколку пати го повика да си даде оставка.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот