X
 15.05.2023 Култура

Нов филм на „Нетфликс“ стана најгледан на првиот ден од прикажувањето

Новиот филм со Џенифер Лопез во главната улога - „Мајката“ (The mother) стана најгледан филм на „Нетфликс“ уште на првиот ден од прикажувањето. Филмот бил на првото место во 83 земји во кои може да се користи платформата.


Во филмот Лопез игра припадничка на специјалните сили која престанува да се крие во дивината за да ја заштити ќерката, која морала да ја остави како новороденче. Филмот почна да се прикажува на „Нетфликс“ на 12 мај и е акција.

Во него глумат и Луси Паез и Омари Хардвик, а режијата е на Ники Каро.


Извор: Klix
Насловна фотографија: Facebook
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура