Важно е постојано да се повторува: ако автомобилот е паркиран на сонце при надворешна температура од само 24 Целзиусови степени, температурата во возилото (со затворени прозорци) може да достигне 38 степени за само 10 минути.
Ако автомобилот стои на сонце 30 минути, температурата во него ќе се искачи до 50 Целзиусови степени. На делови од внатрешноста на возилото, кои се директно на сонце, по некое време може да се измерат дури 80 степени.
Значи, јасно е дека автомобилот на сонце не е место за оставање деца или животни, дури и ако мислите дека го правите тоа само за кратко време. Дури и најкраткиот временски период може да биде фатален за детето. Поради послабата можност за терморегулација на телото на детето, тоа се загрева три до пет пати побрзо од телото на возрасен.
Високата надворешна температура за многу кратко време може да доведе до зголемување на телесната температура и топлотен удар кај децата.
Само 15-минутен престој во прегреан автомобил може да предизвика оштетување на мозокот и на бубрезите.
Извор:
6yka.com
Фото: Freepik