Јапонија е интригантна земја (особено за човек што не живее таму) која никогаш не престанува да ги воодушевува и инспирира луѓето. Се чини дека трагањето по извонредност е нешто што е длабоко втемелено во културата на оваа земја и тоа се гледа во различни области од животот, на различни начини.
Повеќето од нас веќе се запознаени со концептот на бонсаи - јапонска уметничка форма што датира повеќе од илјада години, со која се создаваат мали дрвја имитирајќи го изгледот на пораснати дрвја. Но, сигурно повеќето од вас сè уште немаат слушнато за техниката даисуги. Додека техниката има сличности со онаа на бонсаи, резултатот е прилично различен.
Техниката датира од 14 век и стана доста популарна по нејзиното споделување на социјалните мрежи. Првично била измислена од луѓето од регионот Китајама, кога барале решение за недостигот на расади. Имало малку рамно земјиште во регионот, а садењето и одгледувањето дрвја на стрмните падини се покажало како исклучително тешко. Како резултат на тоа, ваквото кастрење на дрвјата им овозможило на луѓето да го намалат бројот на расади, да го забрзаат циклусот на жетвата и да произведуваат погусто дрво.
Техниката помагала да се произведе градежно дрво што е погусто од обичните дрвја кедар. Низ годините, популарноста на техниката се намалила. Денес, овие типови кедари претежно растат во добро чувани градини поради нивниот тенок и елегантен изглед.
Фото: Twitter