X
 23.05.2022 Живот

Граѓаните на германски град не смеат да ги изнесат мачките надвор три месеци

Градот Валдорф во германската покраина Баден-Виртемберг на мачките им одредил куќен притвор. На тој начин градот сака да ги заштити птиците чучурлиги, на кој им се заканува изумирање.

Жителите на градот мора да ги затворат домашните мачки дома во текот на целото лето според оваа мерка. Оваа мерка ќе се практикува и следните три години од почетокот на април до крајот на август.

Чучурлигата е ставена во категоријата на највисока загрозеност од изумирање. Во Баден-Виртемберг птиците прават гнезда во управниот округ Карлсруе, каде во 2021 имало само 3 пара за размножување. Големиот број мачки се опасни за овие птици бидејќи тие бараат храна само на површината и таму и се размножуваат.


Фото: Pixabay

Според мерката, сопствениците на мачки кои ќе излезат надвор може да добијат парична казна од 500 евра. Доколку мачката убие или повреди чучурлига, може да се добие казна до 50.000 евра.

Од градот изјавиле и дека може да одлучат за привремена мерка во која мачките би се пуштале надвор доколку не постои видлива опасност за птиците. Алтернативно, мачката може да се изнесе надвор на два метри од домот доколку има ремен или доколку сопственикот може да докаже дека мачката не била во опасно подрачје.

Извор: Fenix magazin
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот