Како луѓе, честопати занемаруваме дека помалите суштества го перципираат светот на сосема поинаков начин.
Индискиот наградуван фотограф Рахул Синг го доловува тоа во неговата волшебна серија на фотографии од една птица која се капе во ливчиња од цвет од банана наполнети со вода.
Малата птица е долга само 10 сантиметри, па ливчињата од цветот за неа се совршеното засолниште. Цветот од банана собира доволно вода за да се создаде мал, природен базен, обезбедувајќи им на птиците безбедно место за капење во топлите денови.
- Во Индија, есенските денови се топли и влажни, но ноќите се пријатни. Наутро капките роса се наоѓаат на тревата и цветните ливчиња, но понекогаш водата останува во ливчињата - раскажува фотографот Синг.
Извор:
Mymodernmet.com
Фото:
Rahul Singh/Instagram