X
 23.06.2020 Живот

Светот има само шест месеци за да спречи климатска катастрофа

Светот има само шест месеци за да ја промени насоката во која се движи климатската криза и да спречи климатска катастрофа, вели Фатих Бирол, извршен директор на Меѓународната енергетска агенција (ИЕА).

- Оваа година е последното време што го имаме доколку не сакаме да го видиме враќањето на јаглеродниот диоксид - изјавил Бирол за „Гардијан“.

Владите низ целиот свет планираат да потрошат 9 билиони долари во следните месеци за да ги спасат своите економии од кризата предизвикана од коронавирусот. Мерките што се донесуваат ќе ја одредат формата на глобалната економија во следните три години, а во тој период испуштањата на штетни гасови мора драстично и долгорочно да се намалат или државите нема да може да ги постигнат своите климатски цели, вели Бирол.


Фото: Pexels

Доколку не се преземат вистински акции сега, сигурно ќе видиме зголемување во испуштањата на штетни гасови во иднина, а тие подоцна тешко ќе може да се намалат. Затоа, Бирол ги повикува сите влади да имаат еколошки пакети за заздравување на економиите.

Во април светот произвел 17% помалку јаглероден диоксид во споредба со истиот месец минатата година, но оттогаш се забележува зголемување на испуштањата.


Фото: Pexels

Според ИЕА, светот треба да се фокусира на реформи за намалување на производството и користењето енергија. Најмногу треба да се користи еколошки добиена енергија, но потребни се и подобрувања во градбите и индустриите, како и модернизација на енергетските мрежи.

Слични повици за глобални промени доаѓаат и од експерти, економисти, здравствени работници, едукатори, активисти и политичари.

Автор: Фиона Харви
Извор: theguardian.com
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот