Истражувањата покажуваат напредок во одложувањето на враќањето на ракот и во лекувањето некои видови рак.
Едно неодамнешно истражување покажува нова класа на лекови против ракот кои всушност ги тераат клетките на ракот да заспијат. Процесот на запирање на растот на туморот се случува без да се оштети ДНК на клетката, а тоа се јавува кај конвенционалните третмани, како хемотерапијата и радиотерапијата.
Фото: Printscreen/Youtube
Развојот на лековите е комбиниран напор помеѓу Институтот за медицински истражувања „Волтер и Елиса Хол“, Универзитетот „Монаш“, Универзитетот во Мелбурн, Центарот за рак „Питер Мекалум“ и ЦСИРО.
Еден од лидерите на истражувањето, вонредниот професор Тим Томас од Институтот „Волтер и Елиса Хол“, вели дека станува збор за возбудлив развој.
- Иднината на терапијата за рак ќе користи насочени третмани што ќе работат на специфични групи пациенти. Се надеваме дека ќе развиеме нов тип на пристап кон терапијата за рак, притоа оставајќи ги нормалните клетки релативно незасегнати и тоа преку искористување на нормалната одбрана на телото - вели Тим и додава дека развојот на лекот е во претклиничка фаза.
Истражувањето покажува дека со таргетирање на одредени протеини за кои е познато дека играат голема улога во развојот на ракот, лекарите во суштина може да ја спречат болеста.
Овие протеини се познати како КАТ6А и КАТ6В и тие влијаат врз одредени гени најчесто пронајдени кај
ракот.
-Докажавме дека сме способни да развиеме мал молекул што ги инхибира овие протеини. Значи, првпат покажавме дека може да се развие потенцијален лек за овој ензим - вели Џонатан Баел, професор по медицинска хемија на Институтот за фармацевтска наука „Монаш“, кој исто така бил вклучен во истражувањето.