Планирањето летување со мали деца бара подетално истражување и внимателно пакување. На одмор не се тргнува без патната аптека, односно сѐ што ни е потребно за прва помош при незгода, настинка, вирус, алергиска реакција, каснување од инсекти.
Периодот на летни одмори почна, а со тоа и првите подготовки. Планирањето летување со мали деца бара подетално истражување и внимателно пакување, но секоја следна година детето ќе биде сѐ поподготвено за уживање во морските задоволства.
Ако е помало детето, летувањето треба повнимателно да се испланира. И, секако, почетокот и крајот на сезоната се најдобри за одмор со деца за да се избегнат превисоките температури, штетното УВ-зрачење, метежот, вревата…
Познато е дека одењето на доктор во странство е скапо, па затоа најдобро е да си извадете здравствено патничко осигурување. А, секако, не се тргнува без патната аптека, односно се што ни е потребно за прва помош при незгода, настинка, вирус…
Според педијатарот Драгана Емел-Маркоска, одморот треба да биде едно од најубавите доживувања во таа година, затоа е потребна добра подготовка.