X
 30.07.2022 Здравје

Лековитите ефекти на морската сол

Чувството на морска сол на кожата додека се сончаме е ненадминливо. Морската сол има добри ефекти за здравјето и благосостојбата, а еве дел од нив.

Ја чисти крвта

Јоните во морската сол влегуваат во крвотокот преку кожата, што го подобрува функционирањето на коскената срж и обновувањето на крвните зрнца. Освен тоа, тие позитивно влијаат врз хемоглобинот, кој е одговорен за носење на кислородот до сите клетки во телото.

Добра е за ендокрините жлезди

Морската сол содржи лековити елементи, минерали и катализатори кои го подобруваат функционирањето на метаболизмот и ја забрзуваат ефикасноста на хормонскиот систем. Таа содржи и многу биолошки стимулатори кои ја витализираат и активираат функцијата на ендокрините жлезди и стимулативно влијаат врз целиот организам.


Фото: Pixabay

Го зајакнува нервниот систем

Морската сол содржи мали количини бром кој смирува, како и магнезиум кој го поттикнува елиминирањето на вишокот вода. Магнезиумот е добар и за намалување на главоболките. Солта влијае врз рецепторите во кожата и останува во слој од епидермисот до четири недели откако ќе се вратите од море.

Добра е за кожата

Морето е лековито за кожата, а преку кожата влијае врз целиот организам. Морската вода ја омекнува и ја хидрира кожата.

Содржи корисни елементи

Децата што живеат далеку од море често имаат недостиг на селен, елемент кој штити од слободните радикали. Кога организмот не содржи доволно селен, страдаат штитната жлезда и срцето, се зголемува можноста за настинки, алергии и бронхијална астма.

Извор: Sensa
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје