X
 23.07.2021 Живот

Цитати од Ејми Вајнхаус: „Никогаш не лажете некој што ви верува. Никогаш не верувајте му на тој што ве лажел“

Во текот на нејзиниот краток живот, Ејми Вајнхаус успеа да издаде три музички албуми и влезе во Гинисовата книга на рекорди како прва британска пејачка што добила пет награди „Греми“. Нејзиниот албум „Back to Black“ е најуспешен албум на 21 век во Велика Британија.

Ова се дел од нејзини цитати:

- Околу нас има многу лоши луѓе, а само затоа што немаат пријатели. Комуникацијата со мајка ми, баба ми и кучето е најдоброто нешто што ми се случило во животот. Освен чевлите и чантите, се разбира.

- Способноста за борба не зависи од тоа колку сте силни. Зависи од тоа колку бес има во вас.

- Никогаш не лажете некој што ви верува. Никогаш не верувајте му на тој што ве лажел.

- Ако вонземјаните имаат малку смисла за хумор, тогаш веројатно би ги забавувал начинот на кој имаме секс.

- Не би рекла дека сум феминистка, но не ги сакам девојките што се преправаат дека се будали затоа што така е полесно.

- Најголемата грешка што можат да ја направат родителите е да зачнат дете со лоша музика.

- Пеам само за работите што ми се случиле. Склона сум кон самоуништување, така што секогаш ќе имам теми за песни.

- Не ми треба ничија помош зашто ако не можам да си помогнам самата, никој не може да ми помогне.

Извор
Фото: Принтскрин/Јутјуб

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот