X
 23.11.2015 Живот

Како да препознаете лажго (според агент во FBI)?

Лареј Квај работела како агент за Федералното Истражувачко Биро - ФИБ(англ. FBI). Сега, таа пишува за она што го научила додека работела за бирото. Како што се очекува, нејзините совети се лекции за претприемачи и многумина други. Нејзините совети се сумирани во краток текст од страна на „Inc“. Меѓу другото, таа советува:


Поврзување

Искуството покажува дека „добриот“ добива подобри резултати од „лошиот“. Бидете сочувствителни во разговорот и ќе дознаете многу повеќе отколку кога би биле студени.

Изненадете ги

Луѓето се обидуваат да ги предвидат прашањата за нивните одговори да звучат природно. Прашајте ги нешто што не го очекувале и ќе ја забележите нивната реакција.

Слушајте повеќе отколку што зборувате

Лажговците обично зборуваат повеќе од искрените луѓе со цел да звучат полегитимно и да ја освојат публиката. Тие често користат комплицирани реченици за да ја скријат вистината. Исто така, имајте предвид дека стресот најчесто прави луѓето да зборуваат побргу и погласно, а постојаното кашлање и чистење на грлото се знаци на тензија.

Обрнете внимание на „не“

„Не“ е клучен збор за препознавање лажго. Личноста која лаже кажува „не“ и гледа во друга насока, ги затвора очите, кажува „не“ по двоумење, вели „неееееее“ долг период и кажува „не“ со мелодија.

Разгледувајте ги промените во однесувањето

Суптилна промена во однесувањето може да биде голем знак на лажење. Внимавајте доколку личноста има проблеми со помнењето, одговора прашања со кратки одговори, започнува со зборување формално, користи суперлативи и претерува со одговорите.

Прашајте за целосната приказна

Искрените луѓе додаваат детали и помнат минимални факти од секоја приказна. Лажговците ги помнат своите приказни и се обидуваат да не ги променат и да не додаваат детали.

Подалеку од многу комплименти

Постојат фини луѓе, но оние кои се премногу фини најчесто се лажни. Лажговците често се трудат премногу да остават добар впечаток и делат премногу комплименти.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот