X
 02.11.2023 Живот

Земја која е туристички неправедно потценета има бесплатен јавен превоз, дури и за туристите

Без разлика дали станува збор за такси, автобус или воз, пристигнувањето од точка А до точка Б може да доведе до дополнителни трошоци ако истражувате нова дестинација, особено кога посетувате поголем град.

Но, во една европска држава јавниот превоз е бесплатен за сите, дури и за туристите.

Во Луксембург, најбогата земја во Европската Унија, луѓето можат бесплатно да се возат со автобус, воз или трамвај.

Иако овој потег не е ништо ново, со оглед на тоа што јавниот превоз во земјата е бесплатен од февруари 2020 година, оваа информација може да биде корисна за сите што планираат зимски одмор или патувања во последен момент.

Ако размислувате да посетите некој европски божиќен базар, Луксембург можеби е потценет, но е одлична опција. Тоа значи дека нема да се мачите со вадење билети.

Звучи идеално, нели?

Единствен исклучок од правилото е патувањето во прва класа, кое сепак ќе ве чини. Но, вреди да се знае дека туристите можат бесплатно да ја шетаат земјата, дури и во повеќе рурални места.

Доколку барате повеќе инспирација за патување, минатата година Малта стана втората земја во светот која го направи јавниот превоз бесплатен.

Дополнително, тоа е добра вест бидејќи и поголемите европски земји и градови почнаа да експериментираат со слични мерки.

Извор: 24sedam.rs
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот