X
 25.09.2016 Здравје

Бактериите отпорни на антибиотици - сериозна закана за светското здравје

Секретарот на Обединетите Нации Бан Ки Мун, изјавил дека антимикробната резистенција е основна закана за глобалното здравје и безбедност. Ова било истакнато на состанокот на Генералното собрание каде што се дикутирало за отпорноста на бактериите од лековите.

Ова е четврти пат како Генералното собрание одржува состанок на високо ниво за проблеми поврзани со здравјето. Според Бан Ки Мун, најважно е да се адресира проблемот на брз и сеопфатен начин, бидејќи антимикробната резистенција ќе предизвика тешкотии во здравствениот систем и ќе го поткопа одржлито прозиводство на храна. Се разбира дека на ризик ќе биде изложен и одржливиот развој.  

 

 

 

Уште пред да бидат свикани на овој состанок, светските лидери потпишале декларација за борба против ширењето на антибиотската резистенција.

Декларацијата која е слична на онаа за светска борба против глобалното затоплување, содржи насоки за глобален одговор на овој проблем. Во текот на идните две години, агенциите на ОН ќе обезбедуваат информации и новитети за решавањето на овој проблем на Генералното собрание.

Утврдено е дека повеќе од 700 илјади луѓе секоја година умираат заради отпорноста кон антибиотската терапија, а бројката може во иднина да биде уште поголема, но не постои и глобален систем кој врши моноторинг на смртните случаи. Според истражувањата на Reuters пак, се јавуваат проблеми и во лоцирање на смртните случаи и во местата каде што постои мониторинг, како на пример во САД, каде што смртта на илјадници луѓе не е предизвикана од бактерии имуни на антибиотици.

Научниците знаеле повеќе од половина век дека пациентите можат да развијат отпорност кон лековите. Но и научната иновација и зголемената совесност, покажала дека заканата навистина е сериозна.

Директорот на Светската здравствена организација, Маргарет Чан, истакнала дека од витално значење за корисниците и медицинските провајдери е да не се ослонуваат многу на антибиотиците кога се третираат зарази. Според неа, во моментов дури е можно вообичаена зараза како гонореја, да биде неизлечива. Исто така, таа повикува на поголема иновација во развојот на антибиотиците, забележувајќи дека само две нови класи на антибиотици биле пуштени во продажба во минатата половина од овој век. 

 

 

 

Таа предупредува и на „грам-негативните“ бактерии, кои предизвикуваат инфекции како пневмонија, менингитис и слично, кои најмногу се отпорни на антибиотска терапија.

Потпишувачите на декларацијата на ОН, се обврзале да ја охрабруваат иновацијата во оваа област и постојано да работат на зголемување на јавната свест за заканата, како и развивање на регуларни системи во продажбата и користењето на антибиотските производи за луѓе и животни.
Подготвил: М.П.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје