Студенти што живееле заедно во куќа надвор од кампусот во Охајо, САД, дошле до бизарно откритие откако решиле темелно да ја пребараат целата куќа. Учениците се жалеле на чудни звуци, а се случувале и необични работи, како што се ненадејно палење и исклучување на светлата.
Студентите биле убедени дека доживуваат паранормални активности откако слушнале чудни звуци кои доаѓале од подрумот. Меѓутоа, откако го истражиле подрумот, откриле дека звуците ги испуштал човек кој живеел во нивната куќа, а за тоа не знаел никој од нив.
Во куќата живееле десетмина студенти кои почнале да забележуваат чудни активности во домот кои се случувале многу често. Тие почнале да мислат дека има дух во куќата. Чудните активности не престанале, па тие одлучиле да ја пребараат секоја соба во куќата.
Се изненадиле кога во подрумот откриле заклучена врата која никој не можел да ја отвори. Од другата страна на вратата се слушала врева, па затоа студентите повикале полиција. Кога конечно ја отвориле вратата, откриле спална соба во која тајно живеел маж кој никој не го познавал.
Таинствениот човек, кој се вика Џереми, добил пристап преку спореден влез за кој знаел од братучед му кој живеел во куќата претходната година. Набргу потоа Џереми се отселил, а фирмата за изнајмување на куќата ги сменила бравите.
Извор:
Moj faks
Насловна фотографија: Freepik