X
 25.11.2019 Забава

Од 10 центи до 1,26 милион - на аукција продаден првиот стрип на „Марвел“

Првиот стрип на познатиот американски издавач на стрипови „Марвел“ беше продаден на аукција за 1,26 милион долари.

Станува збор за првата епизода од серијата „Марвел комикс“, која излезе во 1939 година, во издание на „Тајмли комикс“, што подоцна ќе стане „Марвел“.

Купувачот сакал да остане анонимен.

- Тоа е историска верзија на историски стрип. Тоа е дедо на сите стрипови на „Марвел“ без кој не би ги имале сите приказни и ликови од денешните филмови - истакна Ед Џастер, потпретседател на аукциската куќа.

Фото: Hurriyet

Овој број 1 на „Марвел комикс“, кој е во многу добра состојба, во 1939 година чинел само 10 центи.

Сепак, најскапиот стрип во историјата е првото издание на „Екшн комикс“, објавено во 1938 година, во кое првпат се појавува Супермен. Тоа во 2014 година беше продадено за 3,2 милиони долари.

Тука е и „Амејзинг фантази“, бројот 15, кога првпат се појави Спајдермен, кој во 2011 година беше продаден за 1,1 милион долари.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава