Сметка од 1959 година која ја потврдува сопственоста на непостојно уметничко дело од францускиот уметник Ив Клајн се продава на аукција. Аукциската куќа „Сотби“ проценува дека делото би можело да достигне цена од половина милион американски долари.
Клајн во 1958 година ја отворил изложбата наречена „Празнина“, на која поставил голем орман во празна просторија. Илјадници посетители платиле влезница за да се појават во галеријата и да видат ништо. По успешноста на изложбата, францускиот уметник одлучил да оди чекор понапред и на колекционерите им дал можност да купат низа непостојни простори во замена за чисто злато.
По речиси 60 години од смртта на Клајн, една од овие потврди со кои се добива сопственост на неговите невидливи уметнички дела е на продажба. „Сотби“ проценува дека таа може да чини до 551.000 долари.
Малата сметка со широчина од помалку од 20 сантиметри потврдува сопственост на дело кое Клајн го нарекол „Зона на нематеријалниот сликовен сензибилитет“. Сметката била дизајнирана за да изгледа како банкарски чек и е потпишана од уметникот.
Таа му припаѓала на еден од купувачите што сметале дека не треба да се уништи. Клајн им нудел опција на купувачите на неговите имагинарни дела да ја задржат потврдата или да ја запалат. Со палењето на потврдата тие би се сметале за дефинитивен сопственик на делото, според него.
Извор:
Klix
Насловна фотографија: Twitter