Градот Генк во Белгија објави дека последната обложувалница ќе биде затворена до крајот на 2023 година.
- Обложувањето предизвикува луѓето да паднат во сиромаштија и во големи долгови. А тоа може да предизвика психолошки и социјални проблеми - изјави градоначалникот Вим Дрис.
Тој истакна дека коцкањето сепак ќе биде можно, но на локации како барови и киосци.
- Градот ќе врши редовни контроли на овие места. Казината во Генк ќе продолжат да постојат бидејќи нивните лиценци истекуваат за четири до пет години - додаде тој.
Градовите и општините во Фландрија треба да издаваат свои лиценци за коцкање, а Генк одлучи да не го прави тоа. Градот може законски да одбие соработка врз основа на близина на објекти за млади и верски служби, што е случај во Генк.
Извор:
6yka.com
Фото: Freepik