Нашите компјутери денес можат и самите да компонираат музика, но сега има можност да се слушне како звучеле компјутерите пред 66 години, време кога препевот на било што кое звучи како музика, воодушевувало илјадници слушатели.
фото извор: University of Manchester
Во декември 1951 година, на „Би-Би-Си“, бил емитуван звукот на иднината – неколку Божиќни песни биле изведени не од хор, не од човечко битие, туку од електронска машина, која речиси никој не ја ни погледнал. Станува збор за „Феранти Марк 1“, компјутерот кој стоел во лабораторијата на Алан Тјуринг.
Тјуринг, кој сега е познат по своите достигнувања во компјутерството и криптографијата, започнал на универзитет во 1948 годиа. Истата година, започнал со пишување на теоретска компјутерска програма за шах. Не постоел компјутер на кој можел да ја тестира се до доаѓањето на „Феранти Марк 1“, по неколку години, кој бил многу бавен. Но, со функција која била дизајнирана за аудиторен фидбек, можело да се пушти музика, или нешто слично на тоа.
Бидејќи телевизијата нема остатоци од тие снимки, она што може да се слушне е реконструкција на
звукот од касетите на компјутерот. Со рачно сечење на аудиото, се креирале одредени музички парчиња. Аудиото од „Џингл Белс“ можете да го слушнете на овој
линк.