Постојаниот проток и одлив на хормони што го водат менструалниот циклус не влијаат само врз репродуктивната анатомија. Тие исто така го преобликуваат и мозокот, а ново истражување покажува како се случува сето тоа.
Тим невронаучници водени од невронаучниците Елизабет Ризор и Викторија Бабенко од Универзитетот во Калифорнија, Санта Барбара, следел 30 жени во текот на нивните менструални циклуси, документирајќи ги детално структурните промени што се случуваат во мозокот додека хормоните се движат.
Резултатите, кои допрва треба да бидат рецензирани, сугерираат дека структурните промени во мозокот за време на менструацијата можеби не се ограничени само на оние региони поврзани со менструалниот циклус.
- Овие резултати први посочуваат на истовремени промени во целиот мозок во микроструктурата на човечката бела материја и дебелината на кортикалната кора што се совпаѓаат со ритамот на хормоните управувани од месечниот циклус - пишуваат истражувачите.
Жените кои имаат менструација ќе искусат околу 450 периоди во текот на нивниот живот, па би било убаво да се знаат различните ефекти што можат да ги имаат врз телото. Сепак, иако тоа е нешто што му се случува на половина од светското население во текот на половина од нивниот живот, фалат истражувања на оваа тематика.
Повеќето од истражувањата за хормоналниот ефект врз мозокот се фокусирани на мозочната комуникација за време на когнитивните задачи, а не на самите структури.
Истражувањето откри дека микроструктурата на белата материја се менува со хормоналните промени, вклучувајќи го пубертетот, употребата на орална концепција, хормонската терапија што го потврдува полот и терапијата со естроген по менопаузата.
За да се реши менструалниот јаз во разбирањето на научниците, тимот направил МРИ-скенови на нивните испитанички за време на три менструални фази: вулација и средна лутеална фаза. За време на секое од овие скенирања истражувачите го мереле и нивото на хормоните на учесничките.
Резултатите покажале дека како што флуктуираат хормоните, така се менува волуменот на сивата и белата материја, како и волуменот на цереброспиналната течност.
Непосредно пред овулацијата, мозоците на учесничките покажале промени во белата материја што укажува на побрз пренос на информации. Хормонот за стимулирање на фоликулите, кој се зголемува пред овулацијата и помага во стимулирање на фоликулите на јајниците, бил поврзан со погуста сива материја, додека прогестеронот, кој се зголемува по овулацијата, бил поврзан со зголемено ткиво и намален волумен на цереброспиналната течност.
Ова истражување ја поставува основата за идни студии, а можеби и разбирање на причините за невообичаени, но тешки проблеми со менталното здравје поврзани со месечниот циклус.
Извор:
Science Alert
Фото: Freepik