Кенет Либрехт е професор на технолошкиот универзитет во Калифорнија. Тој е астроном и истражувач на ледени кристали. Освен тоа, тој дизајнира снегулки.
Либрехт ги создава снегулките во својата
лабораторија во Пасадина и е единствениот што создава снегулки како уметност. Затоа е разбирливо што бил одбран како консултант за снегулки за филмот „Снежно кралство“ на „Дизни“.
Кенет прави фотографии од кристалите додека се зголемуваат и ги контролира нивните форми со менување на температурата и влажноста при формирањето.
Како што открива тој, самиот процес на создавање снегулки не е евтин бидејќи му се потребни специјален фрижидер, контролори на температура и многу алатки специјално создадени за лабораторијата.
Процесот звучи едноставно - се лади водена пареа и се дува влажен воздух во неа за да се формираат кристали. За облик во форма на плочка, температурата треба да биде -11 Целзиусови степени со мала влажност, а доколку сака гранки, Либрехт ја намалува температурата на -15 Целзиусови степени, а ја зголемува влажноста.
Либрехт открива за „Меси неси чик“ дека повеќето снегулки се мали и зрнести, како ладен песок, иако луѓето мислат дека сите снегулки имаат убава форма. Но, фотографите најчесто ги фотографираат само најубавите кристали, вели тој. Најголемата снегулка што ја направил била висока 12 милиметри.
Автор: Френки Нап
Извор:
messynessychic.com
Насловна фотографија: Screenshot/
Youtube