X
 24.04.2017 Живот

Џет Ли: „ Ако мислењето од другите те возбудува повеќе од сопственото, тогаш имаш проблем“

Џет Ли е кинески филмски актер, филмски продуцент, стручњак по боречки вештини и првак во вушу со сингапурско државјанство. Првата улога на Ли во холивудски филм била како криминалец во Смртоносно оружје 4 (Lethal Weapon 4), 1998 година, но неговата прва холивудска главна улога била во Ромео мора да умре (Romeo Must Die), во 2000 година.


Фото: Wikipedia

Прочитајте неколку животни лекции од него кои вреди да ги примените:

Скромноста е Ваша главна заштита – „Непријателите околу тебе ќе Ви ја родат тенденцијата да го подигнете своето его. Јас не сум посебен, јас само сум посветил доволно време на боречките вештини. Сега го покажувам тоа што го знам. Во светот постојат многу луѓе кои можат да го прават истото.“

Хармонијата е поважна од силата – „Се чувствувам тажно кога помислувам дека само сум покажал дека боречките вештини претставуваат болка за луѓето. Немав шанса да покажам дека најважната работа не е борбата. Тоа е познавањето на хармонијата на јинот и јангот, балансот меѓу црното и белото. Само познавајќи ја хармонијата ќе постанеш голем.“

Среќата е секогаш со тебе
– „За среќата не треба да се оди негде далеку, таа е тука – во тивката осамена соба. Сите твои проблеми се концентрирани во твоето срце. Така да само треба да се научиш себе си. Треба да знаеш кој си ти навистина. Ако го познаваш сопствениот свет, нема да биде потребно повеќе да се плашиш.“

Мислењето на другите за тебе е само позадинска музика – „Однесувај се кон мислењето на опкружувањето како кон некоја песна од радиото. ‘Ти си кул’ – трам –пам –пам. ‘Ти си будала!’ – трам –пам – пам. Ако мислењето од другите те возбудува повеќе од сопственото, тогаш имаш проблем.“

Смртта ти дарува живот – „Јас сум спремен да умрам. Ако човек мора да сфати дека може да умре дури денес, или утре, тогаш почнува да го цени секој миг. И тој води сметка за секој миг од својот живот, затоа што ако умре утре, нема да ги штеди своите последни дела.“
Подготвил: М.Д.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот