Ако сте се запрашале како да ги доведете до максимум Вашите способности за учење, една нова студија го пронајде одговорот.
Фото: Pixabay
Заклучокот е дека сепак не треба да го навивате алармот за некое бесмислено време!
Истражувачите испитувале група од прва и втора година студенти од универзитетот во Невада, Рено и “The Open University” во Велика Британија. Тие ги истражувале нивните шеми на учење и резултатите не се целосно изненадувачки.
Многу студии сугерираат дека училиштето и работата треба да започнат подоцна. И оваа студија го поддржува овој аргумент затоа што најдоброто време за учење е подоцна во денот, а не кога обично почнуваат часовите. Мариа Еванс, вонреден професор на универзитетот во Невада, Рено и ко-автор на студијата, вели:
„Основната доверба е што најдоброто време од денот за учење за студенти е подоцна од времето кога почнуваат стандардните часови. Особено за бруцошите ние треба да работиме повеќе во попладневните часови како дел од стандардната програма.“
Резултатите покажале исто така дека повеќето учесници се етикетирале како „вечерни“ луѓе и дека нивниот природен ден започнува два часа подоцна од она што е идеално за постарите возрасни.