Претприемачот Илон Маск изјавил дека сериозно размислува за создавање нова социјална мрежа. Маск го изјавил ова во објава на „Твитер“ во саботата.
Неговата објава доаѓа по критики за „Твитер“ во кои велел дека платформата не овозможува слобода на говор.
- Со оглед на тоа што „Твитер“ служи како јавен плоштад, неуспехот да се придржува до принципи за слобода на говор суштински ја поткопува демократијата - напишал Маск на „Твитер“.
Потоа прашал дали има потреба од нова социјална мрежа.
Според договор од 2018 г. со американската Комисија за хартии од вредност, Маск треба да добие одобрување од други функционери во компанијата „Тесла“ пред да објавува на „Твитер“ за компанијата. Договорот бил склучен откако објава на Маск за потенцијална продажба на акции во „Тесла“ предизвикала масовно продавање на акциите во компанијата.
Илон Маск е главен извршен директор на „Тесла“.
Извор:
CNN
Насловна фотографија:
Wikipedia