Собирањето лајкови на „Instagram“, „Facebook“ и други социјални мрежи имаат ист ефект на нашиот мозок како да сме зеле дрога, алкохол и сме испушиле цигара.
Имено, во сите споменати ситуации, вклучувајќи и кога некој ни го лајкнува она што сме го објавиле, се лачи допамин, невротрансмитер кој предизвикува среќа.
Според зборовите на Адам Алтер, професор по маркетинг на Универзитетот во Њу Јорк, секој пат кога некој ќе ни стави „like“ на одредена фотографија, тоа е како да сме зеле малку дрога. Нашиот мозок овие работи ги регистрира како многу слични ситуации. Причината за тоа е неизвесноста. Корисниците на социјалните мрежи никогаш не знаат колку ќе има
лајкови нивната објава, па непредвидливоста на тој процес е всушност она што се нарекува зависност.
Кога би знаеле колку лајкови ќе има секоја наша објава, тогаш тоа би ни станало здодевно многу брзо.
Уште еден од проблемите на „Instagram“ е тоа што секој го претставува животот во најдобро светло, па гледањето на фотографии на пријател и познаник често доведува до чувство на незадоволство од сопствениот живот.