X
 24.04.2023 Живот

Гимназијата „Алгоритам“ одбележува 15-годишнина

- 15 години создавање среќни приказни и успеси на ученици и професори.
- Настан во Македонска филхармонија на 25.4.2023
- Посветени на вредностите на општествената активност.
- Настава според финска методологија.
- Индивидуален пристап и демократичност во наставата.
- Прва приватна гимназија со наставен материјал во дигитална форма.
- Соработка со образовни институции во земјата и во странство.
- Образовни проекти поддржани од ЕУ.
- 900 награди на домашни и меѓународни натпревари.
- 300 реализирани проекти.

Гимназијата „Алгоритам“ прославува 15 години од своето постоење, кое ќе биде одбележано со пригоден настан на 25.4.2023 година, со почеток од 19:30 часот, во Македонска филхармонија.
„Алгоритам“ е првата гимназија во нашата земја во која од самото основање целиот наставен материјал е во дигитална форма. Се користи финска методологија во наставата, т.е. демократичност при изведување на наставата, транспарентност, постојана комуникација со родители, работа во мали групи, индивидуален пристап, насочување и практични знаења ‒ што дава одлични резултати кои се потврдуваат веќе 15 години.

За заложбите и успесите на учениците и наставниот кадар на „Алгоритам“, говорат досега освоените над 900 награди на домашни и меѓународни натпревари, како и бројката на над 300 реализирани проекти. Само во текот на оваа учебна година учениците на „Алгоритам“ освоија над 50 награди во различни области, меѓу кои и математика, биологија, англиски јазик.

Покрај многуте предности, меѓу кои се и современите модерни простории во центарот на град Скопје, е и тоа што гимназијата „Алгоритам“ има соработка со многу образовни институции во нашата земја и во странство, и работи на повеќе образовни проекти финансирани од ЕУ. Годинава се оствари соработка со средно училиште од Копенхаген, Данска, чии ученици при посетата на нашата гимназија беа пријатно изненадени од начинот на работа, кој може да се спореди со скандинавските училишта. Исто така, оваа недела гости во гимназијата се професори и ученици од Хрватска, Словенија и од Романија, со кои се работи на проект за креирање интердисциплинарни наставни материјали во сферата на природни науки, роботика, програмирање и култура, како и за изготвување „Зелени решенија“.

Гимназијата „Алгоритам“ и оваа година е Суперучилиште, што е резултат на соработката со Регионалната канцеларија за соработка на млади и со приватната ИТ гимназија од Нови Сад, со кои се работи на проект за градење мир и соработка меѓу младите од Западен Балкан. Во рамките на овој проект се работи на веб-страница за креирање содржина за учење знаковен јазик и Брајова азбука.

На настанот по повод одбележување на 15-годишнината ќе се доделат признанија за учениците кои оваа година постигаа значајни успеси, меѓу кои и две ученички кои ќе го претставуваат „Алгоритам“ на Светската олимпијада по биологија во Дубаи. Воедно, ќе имаме можност да ја проследиме премиерата на претставата „Приказнологија“ по сценарио и во режија на поранешен ученик на гимназија „Алгоритам“, Никола Симоноски, а под менторство на професорот Горан Станикевски-Горјански. Во претставата ќе учествуваат сегашни и поранешни членови на драмската секција на гимназија „Алгоритам“.

(Комерцијална објава)


Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот