X
 25.06.2018 Наука

Ова се 11. најважни медицински откритија од изминатата деценија

По завршувањето на Проектот за човечки геном (Human Genome Project) направени се големи чекори во нашето разбирање на биологијата, науката и човечкото тело. Има голем напредок на генетичко или клеточно ниво, што може да има огромна примена во иднина.

Од 3Д-печатење на нови органи со матични клетки до потенцијал човечките клетки да станат отпорни на вируси, последната деценија веќе даде многу плодови. Како што науката се подобрува, следната деценија може целосно да го промени здравството.

Следните 11 откритија се далеку од исцрпни и не се подредени по некој ред.

1. 3Д-печатењето на органи може да го искорени донирањето органи

Голем напредок во човечката биологија е употребата на 3Д-печатачи и човечки матични клетки.

3Д-печатењето се развива до таков степен што може да печати основни заменски делови за луѓе. Неодамнешните истражувања на Универзитетот во Бристол вклучуваат употреба на нов вид биомастило што може да овозможи производство на сложени човечки ткива за хируршки импланти во не толку далечна иднина.


2. Целното лекување може да му стави крај на ракот

Многу истражувања станаа возможни по почетокот на проектот пред повеќе од 25 години. Еден многу важен развој може да биде производство на генски скроени лекови - односно развојот на фармакогенетиката. Ова потенцијално би можело да вклучи создавање целни лекови за лекување рак, наместо да се користи поопшта алтернатива како „една големина која одговара на сите“, како што е хемотерапијата.

3. Лузните може да исчезнат со конвертирање на клетките од една форма во друга

Не многу одамна беше објавено дека истражувачите направиле огромен чекор напред во лекувањето на раните. Тие можеби нашле начин за „хакирање“ на ткивото во раната за да ја регенерираат кожата без да остане лузна.

Лекарите најдоа метода за конвертирање на миофибробластите во маст клетки. Ова некогаш се сметаше за невозможно.

4. „Пролетното чистење“ на митохондриската ДНК може да го спречи стареењето

Истражувачите неодамна открија метода со која можат да манипулираат со ДНК на клетките во човековиот организам. Научниците успеаја да изнајдат техника за да се вплеткаат во митохондриите.

5. Откриен е нов орган во човековото тело

Научниците официјално соопштија дека е откриен нов орган кој со векови вешто се криел. Интерстициумот сега официјално е орган во човечкото тело.

6. Истражувачите открија нов тип мозочни клетки

Истражувачите објавија дека човековиот мозок содржи нов тип клетки кои никогаш не биле видени пред луѓето - наречени целни клетки.

Фото: Interesting Engineering

7. Целосното геномно секвенционирање би можело да стане рутина

Рутинското геномно секвенционирање како дел од рутинската клиничка нега би можело да стане стандардна практика во не толку далечна иднина.

Фото: Interesting Engineering

8. CRISPR-Cas9 стана важен фактор во истражувањето на човечкиот организам

CRISPR првпат беа откриени во 2007 година од страна на шпанскиот научник Франциско Мохика. Експерименталните набљудувања му дозволија на Мохика да забележи дека овие парчиња генски материјали се составен дел од одбранбените механизми за заштита од инвазивни вируси на клетките-родители.

9. CAR T-клеточната имунотерапија може да значи крај за ракот

CAR T-клеточната имунотерапија е потенцијален развој во истражувањето што би можело да стави крај на заканата од рак за сите нас.

10. Идентификувани се гените што го одредуваат обликот на носот

Во 2016 година првпат беа идентификувани четири гени што го одредуваат обликот на човечкиот нос. Тимот од истражувачи се фокусирал на ширината и насоченоста на носот, што во голема мера варира кај луѓето. Било извршено испитување меѓу 6.000 луѓе во Латинска Америка и биле идентификувани гените што ја одредуваат формата на носот.

11. Може да станеме отпорни на вируси

Неодамнешните истражувања на научни групи како „Genome Project-Write“ планираат да ги направат човечките клетки отпорни на вируси. Тие, исто така, планираат да ги направат клетките отпорни на замрзнување, радијација, стареење и да, погодивте, на рак.

Фото: Interesting Engineering

Крајната амбиција е да се направат „суперклетки“ кои, ако бидат успешни, може да имаат огромен придонес за биологијата и општеството.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука