X
 24.06.2018 Живот

Највалканото место на аеродром не е тоалетот

Кога сте на одмор, сигурно дека не би сакале е да се разболите. За жал, аеродромите се полни со луѓе - а со тоа и полни со бактерии кои предизвикуваат болести. Но, во кој дел од аеродромот има најмногу бактерии? Можеби мислите дека тоа е тоалетот, но една неодамнешна студија покажува дека тоа не е точно.

Во текот на сезоната за одмор во 2017 година, осигурителна компанија од Тексас ги испитуваше местата на аеродромите каде има најмногу бактерии, изведувајќи 18 тестови на шест различни површини од три големи американски аеродроми. Потоа ги испратиле примероците во лабораторија за да го идентификуваат просечниот број на бактерии или габични клетки на квадратен инч, исто така познати како единици за формирање колонии (ЦФУ).

Можеби ќе се изненадите кога ќе дознаете дека од сите тестирани површини, автоматите за самочекирање имале највисока количина на бактериски и габични клетки, а потпирачите за раце и чешмите биле следни на листата. Апаратите за самочекирање биле дом на 253.857 ЦФУ, додека потпирачите за раце имале 21.630 ЦФУ, а чешмите имале просечно 19.181 ЦФУ.

Тоа има смисла: автоматот е место кое сите се принудени да го доприаат. Цел ден, илјадници луѓе ги притискаат истите екрани без да знаат дека го допираат најзаразниот дел од аеродромот.

Колку за споредба, веце школка на аеродром содржи просечно 172 ЦФУ.

Аеродромот може да биде преполн со бактерии, но постојат начини да се заштитите. Еве листа на нешта кои можете да ги направите за да го направите вашето патување колку што е можно почисто.

1. Секогаш носете чорапи кога минувате низ безбедносната проверка на аеродромот. Ако одите боси може да добиете некаква инфекција.

2. Носете мини шишиенце со средство за дезинфекција за да ги чистите рацете по допирањето на валканите екрани.

3. Ако сакате да ги потпрете лактите на потпирачите за рацете додека чекате, исчистете ги благовремено.

4. Ова треба да го правите без некој да ви каже, но секогаш мијте ги рацете по користење на јавни тоалети - и на аеродромот и на други места.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот