Вработените на три аеродроми во Германија – Диселдорф, Келн-Бон и Штутгарт денеска стапија во штрајк барајќи зголемување на платата.
Штрајкот доведе до нарушување на воздушниот сообраќај во Германија - погоди 100.000 патници, а влијае и на другите аеродроми, на пр., во Берлин каде што се откажани 90 лета.
Синдикатот Вер.ди бара на вработените на контрола на патници, артикли, како и на аеродромскиот персонал да им се зголеми саатницата на 20 евра.
Извор: МИА