X
 24.06.2024 Технологија

Платформата „Х“ почнува да го наплаќа емитувањето содржина во живо

Преносот во живо наскоро ќе биде можен само со претплата на платформата „X“, што ќе ја направи единствената социјална мрежа што наплаќа за таквата функција. Тоа е функција која е бесплатна со години на „Фејсбук“, „Инстаграм“, „Јутјуб“, „Твич“ и „Тик-ток“.

- Наскоро само претплатниците на „Премиум“ ќе можат да проследуваат содржина во живо на „X“. За да продолжите да ја користите оваа функција, надградете ја вашата сметка на „Премиум“ - објавиле од „X“ и со тоа предизвикале голем број коментари од незадоволни корисници.

Социјалната мрежа и во минатото користеше дополнителни функции, како што се уредување објави и пишување подолги текстови без реклами за да ги привлече корисниците кон своите пакети со претплата.

Но, досега не ги премести постојните бесплатни и широко достапни функции во пакетот за претплата, што може да укаже на тоа дека наскоро ќе има уште такви случаи.

Извор: bug.hr

Фото: Freepik

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија