Овој пренос во живо од поларни мечки во дивината е создаден за да ни помогне на сите да се ослободиме од стресот во текот на претстојната зима.
Камерите во живо ја прикажуваат миграцијата на мечките во Канада и како тие преживуваат во арктичката тундра со своите младенчиња. Оние што ќе имаат среќа ќе можат да ги видат и арктичките лисици, сезонските птици и поларната светлина.
Проектот е соработка помеѓу конзерваторската непрофитна организација „Полар берс интернешнл“ и веб-страницата „Explore.org“.
Секоја година, во овој период, стотици поларни мечки се среќаваат на брегот на заливот Хадсон, во близина на градот Черчил, за да го чекаат мразот што им овозможува да се упатат кон морето и да бараат фоки.
Токму поради оваа причина, Черчил е познат како главниот град на
поларната мечка во светот.
Градот дури има и сопствен „затвор за поларни мечки“ за непослушните мечки-тинејџери што предизвикуваат проблеми во градот. Тие се ослободуваат откако морскиот мраз е доволно дебел за да можат да одат во заливот.
Сезоната без мраз е речиси еден месец подолга отколку во 80-тите години. Но, има надеж.
- Ако дејствуваме брзо и колективно и направиме храбар премин кон обновлива енергија, и ако се оддалечиме од фосилните горива, можеме да ги зачуваме поларните мечки за идните генерации. Се надеваме дека „Полар бер вик“ ќе ги охрабри луѓето да паузираат, да почнат да ги ценат и да почнат да го слушаат овој вид - вели Кристина Рајт, извршна директорка на организацијата „Полар бер вик“.
Фото: Freepik