„Дали сакате компири со италијанскиот оброк?“ е фраза што наскоро ќе отиде во историјата.
Најголемиот синџир на ресторани за брза храна „Мекдоналдс“ до 2020 година планира да постави киосци за самостојно нарачување во своите американски локали.
Голем број американски ресторани веќе имаат ваков тип услуга, дури имаат и ресторан „Флипи“ каде што роботи прават хамбургери.
На оваа вест многумина се израдуваа затоа што ќе им го олесни нарачувањето, но има и такви што се загрижени бидејќи тоа ќе значи и губење работни места.
„Мекдоналдс“ е познат по користењето најсовремена технологија во својот бизнис, ама не и по давањето откази на своите вработени поради машини.
Истражувањето на Дејвид Невмарк и Грејс Лордан покажува дека автоматизацијата најмногу ќе влијае врз работниците што работат за минимална плата. Овие промени најмногу ќе ги погодат средношколците и студентите.
Насекаде низ светот „Мекдоналдс“ вработува млади луѓе кои во овие ресторани имале можност да научат вредни животни вештини, како што се развивање подобра комуникација и стекнување работна навика.
Сепак, нивната идеја е да се испробаат повеќе начини на работа, па потоа да се одлучи што е најдобро за нивните муштерии и како рестораните на „Мекдоналдс“ ќе изгледаат во иднина.
Н: Дали најчестата студентска работа повеќе нема да постои? – “МекДоналдс“ нема да вработува касиери
„Дали сакате компири со италијанскиот оброк?“ е фраза која наскоро ќе отиде во историјата.
Најголемиот ланец на ресторани за брза храна „ МекДоналдс“ до 2020 година планира да постави киосци за самостојно нарачување во своите американски локали.
Голем број на американски ресторани веќе имаат ваков тип на услуга, дури имаат и ресторан „Флипи“ каде што роботи прават хамбургери.
На оваа вест многумина се израдуваа затоа што ќе им го олесни нарачувањето, но има и такви кои се загрижени бидејќи тоа ќе значи и губење на работни места.
„МекДоналдс“ е познат по користењето на најсовремена технологија во својот бизнис, ама не и по давањето на откази на своите вработени поради машини.
Истражувањето на Дејвид Невмарк и Грејс Лордан, покажува дека автоматизацијата најмногу ќе влијае на работниците кои работат за минимална плата. Овие промени најмногу ќе ги погодат средношколците и студентите.
Насекаде низ светот „МекДоналдс“ вработува млади луѓе кои во овие ресторани имале можност да научат вредни животни вештини како што е развивање на подобра комуникација и стекнување на работна навика.
Сепак, нивната идеја е да се испробаат повеќе начини на работа, па потоа да се одлучи што е најдобро за нивните муштери и како рестораните на „МекДоналдс“ ќе изгледаат во иднина.