X
 24.07.2024 Живот

За сите оние што растеа во текот на 90-тите години

Деведесеттите години беа одличен период за растење. И самите милениумци знаат дека ова беше последната деценија кога децата имаа најубаво детство. Зошто?

Затоа што...

- Бевме палави, но имавме почит кон возрасните;
- Бевме последната генерација што порасна без социјални мрежи;
- Игравме наутро, напладне и навечер;
- Си одевме дома кога се вклучуваа уличните светилки. Немаше телефони за родителите да ни ѕвонат;
- Гледавме тоа што имаше на телевизија и немавме избор да гледаме што сакаме;
- Ја користевме имагинацијата и создававме игри буквално од ништо;
- Имавме одлична мода;
- Немавме телефони за да им ѕвониме на другарите. Едноставно одевме и чукавме на вратата на нашите пријатели и чекавме да видиме дали се дома;
- Честопати преспивавме кај другарчињата;
- Многу работи беа разнобојни;
- Имавме забави на кои родителите не трошеа богатство;
- Јадењето во ресторани беше награда, а не секојдневие;
- Секоја фотографија не беше совршена за поставување на „Инстаграм“;
- Се забавувавме со нашите другари без технологијата да ни го одвлекува вниманието;
- Не слушавме често за менталното здравје, едноставно ни велеа да престанеме да бидеме толку меки;
- Бевме последната генерација што ги ценеше малите нешта.

 
Извор: Instagram
Фото: Instagram
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот