X
 24.08.2021 Живот

Кој е најпродаваниот автомобил во земјите низ светот, а кој во Македонија?

Секој човек има различни преференции, но веб-страницата „Вижуал капиталист“ направи интересен инфографик за тоа која марка на автомобил е најпродавана во секоја земја од светот, врз основа на податоците од крајот на 2019 година.

Се чини дека „шкода“ е најпродавана марка на возила во Централна и во Јужна Европа, додека земјите со развиена автомобилска индустрија се држат до брендовите возила произведени во нивната земја: „форд“ во САД, „фиат“ во Италија, „пежо“ во Франција, „сеат“ во Шпанија, „лада“ во Русија.

Кое е најпопуларното возило во секоја земја?

Иако постојат различни автомобили на мапата, едно е сигурно - „тојота“ доминира.

Јапонскиот производител на автомобили, кој воедно беше и највредниот производител на автомобили во светот многу години пред да се појави „тесла“, имаше најпродавано возило во 41 земја, од вкупно 104 земји.

Исто така, го имаше најпродаваното возило во светот во 2019 година, „тојота корола“, иако седанот го зазеде првото место само во пет земји.

Како најпродаван во 16 земји, камионот „тојота хилукс“ се најде на првото место во повеќето земји. Има забележително силен пазарен удел во јужната хемисфера, вклучително и во Аргентина, Јужна Африка и Австралија.

avtomobil
Кликнете на фотографијата за да ја зголемите резолуцијата
Фото: Visual Capitalist

Најпродавани автомобили на Балканот

Кога станува збор за Балканот, најпродаван автомобил во Македонија е „киа спортаж“. Во Хрватска, Србија и во Босна и Херцеговина најпродаван автомобил е „шкода октавија“, а во Бугарија и Косово - „дачија логан“. Во Словенија најпродаван автомобил е „рено клио“.

Што преферираат сопствениците на автомобилите во моментов? Сега автомобилите имаат мала предност пред камионите како најпродавани возила во светот.

Од 104 земји, помалите автомобили често класифицирани како „патнички возила“ го сочинуваат мнозинството, со 57 од најпродаваните возила по земја.

Во меѓувреме, „лесните камиони“ или „лесните комерцијални возила“ како теренци, камиони и комбиња, беа најпродавани во 47 земји.

Секако, во последниве неколку години се менуваат преференциите на сопствениците на автомобилите, па електричното возило „тесла“ беше најпродавано и во Холандија и во Норвешка. Кина ги зголемува стимулациите за потрошувачите да почнат да купуваат електрични возила.

Извор: Visual Capitalist
Фото: Visual Capitalist
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот