Спиењето е важно за здравјето на човекот, но американскиот Центар за контрола и спречување на болести проценува дека над 30 отсто од возрасните Американци не спијат доволно. Повеќе нови истражувања ги анализирале поволностите на повременото долго спиење за да се надомести изгубениот сон. Дали ова навистина функционира?
Краткиот одговор е: донекаде. Не може да „чувате сон“ како пари во банка, но може донекаде да се надомести изгубениот сон.
За што станува збор?
Исто како што штедите пари во банка за некогаш кога ќе ви притребаат, идејата за повременото долго спиење е да се обидете да го направите истото со сонот. Идејата е дека би се наспале повеќе пред период во кој знаете дека нема да имате време за доволно сон. Доколку сакате да се обидете со овој метод, треба да се потрудите да спиете дополнителни 60 или 90 минути секоја ноќ во седмицата пред напорниот период.
Дали функционира?
Невробиологот Алисон Брејџер вели дека според 30 истражувања, луѓето што спиеле подолго во период од една седмица пред напорен период имале подобри резултати во решавање задачи од оние што не го практикувале методот.
Рафаел Пелајо, професор по медицина за спиење, вели дека идејата за претходно спиење има смисла, но тој повеќе го знае методот за надоместување на изгубен сон. Тоа е ситуација кога лице редовно не добива доволно сон и затоа има потреба да спие подолго. Пејало вели дека луѓето што се обидуваат да спијат подолго пред напорен период и се чувствуваат подобро едноставно го надоместуваат сонот кој го изгубиле претходно.
На возрасните луѓе им се потребни 7-9 часа сон секоја ноќ, а не 6-8 часа како што веруваат многумина. Некои луѓе може да функционираат со помалку сон, но тие се ретки.
Извор:
Cnet
Насловна фотографија: Freepik