X
 31.10.2023 Живот

Виена ќе го отвори божиќниот базар на 10 ноември, најрано досега

Започнува ноември, а Австрија веќе се подготвува за божиќните празници.

Во главниот град Виена веќе е поставена новогодишна елка на плоштадот пред градското собрание. Висока е 26 метри, а стара околу 140 години. Ја донирала провинцијата Јужен Тирол во Италија, каде што живеат многу Австријци.

Виенскиот божиќен базар пред градското собрание ќе се отвори на 10 ноември, што е порано од кога било досега. На тој ден, како што најавија надлежните, на свеченото отворање и официјално ќе бидат вклучени светилките на елката. На свеченостите ќе присуствуваат градоначалникот на Виена, Мајкл Лудвиг, и регионалниот шеф на Јужен Тирол.

Божиќните саеми во Виена традиционално се одржуваат веќе 300 години. Годинешниот божиќен саем пред градското собрание на Виена ќе биде отворен од 10 ноември до 26 декември годинава. Како што е најавено, годинава ќе бидат обезбедени дополнителни места за посетители. Ќе бидат поставени стотина продажни штандови, од кои 22 отсто се угостителски.

На некои штандови ќе се продава исклучиво пунч, а на други ќе има и варено вино и други кулинарски деликатеси. Ќе има и штандови на кои ќе се продаваат ракотворби и играчки. Најавена е и соодветна саемска забавна програма.


Извор: Fenix magazin
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот