X
 24.09.2022 Живот

Најмалата пустина во светот е широка само 600 метри

Еден од најинтересните геолошки феномени во Северна Америка е во канадската територија Јукон, каде што се наоѓа најмалата пустина во светот. Таа е широка само 600 метри.



Пустината Каркрос, која се наоѓа во близина на истоимениот град, станува сè попопуларна туристичка дестинација. Туристите доаѓаат за да сурфаат на песокот или да се возат со мотоцикли. Штом падне доволно снег, пустината се претвора во игралиште за зимски радости.



Се смета дека пустината е создадена поради условите на мразот, ветерот и водата во период од 10.000 години. Во минатото на местото имало езера чија вода се повлекла и го оставила песокот. Истовремено, силните ветрови нанеле песок и придонеле за создавањето на најмалата пустина во светот.



Извор: Pun kufer
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот