Фото: Tera Volton
За да станат канадски државјани, емигрантите мораат да положат заклетва на кралицата Елизабета II, да докажат дека добро зборуваат англиски или француски јазик и да покажат дека ја разбираат симболиката на јаворовиот лист.
Но начинот навистина да го почувствуваат културниот идентитет на оваа северна земја, е емигрантите да се упатат кон благите планини покриени со снег и погодни за почетници.
„Во зима ништо друго не може да се прави. Зошто да се жалите на снегот кога можете да уживате во него на најдобар можен начин? Да скијате!“, вели Махендран Арумугам кој во 2014 година се преселил во Канада од индиската држава Тамил Наду.
Како и другите емигранти, Махендран научил да скија во ски центарот на Сините планини, околу 160 километри северно од Торонто. На блискиот ѕид, почетниците ги слушаат инструкциите и учат како да направат плуг. Инструкторите на Сините планини зборуваат на 19 јазици.
„Скијањето е дел од животот и културата на Канада. Ако планирате да останете да живеете тука, треба да се прилагодите“, вели Розмари Кананикадџ, 39 годишна емигрантка од Инија.
Последните години, речиси 30 отсто од новите имигранти се населиле во близина на Торонто, најголемиот град во Канада. Затоа Сините планини се одлично место за почетниците да научат да скијаат.
32 годишната Кси Фенг, која се преселила од Кина во Канада во 2015 година, вели дека двапати во животот застанала на скии.
На врвот на ридот стои 32 годишната Ма Ронг, која пред две недели се преселила од Кина. „Лесно е“, вели таа, останувајќи без здив. Слично реагирал и нејзиниот сопруг Гу Јун кој ѝ помагал на нивната четиригодишна ќерка, Шун Џу, да се спушти по ридот на малите скии.
36 годишниот веб девелопер, Ду Шан, вели дека започнал да скија брзо време откако како тинејџер се преселил од Кина. „Мојот татко сакаше да ја разберам
културата“, вели Ду.