X
 24.10.2016 Култура

До ова волшебно место можете да стигнете и пеш, но само за време на осека

На врвот на планината се наоѓа манастирот Сен Мишел (Свети Михаил) и средновековната тврдина што го опкружува. До манастирот водат 900 скалила. Во утврдениот дел денес живеат помалку од 50 жители, а годишно го посетуваат над три милиони туристи.

Една од првите градби што се ставени на листата на УНЕСКО за светски културни наследства е планината Мон Сен Мишел во Франција, уште во далечната 1979 година. Ова место плени со својата убавина, но има уште една специфичност. Овде може да се забележат најголемите разлики во нивото на морето за време на плимите и осеките кои достигнуваат и до 15 метри.

Станува збор за многу интересен феномен што воедно е и многу опасен за посетителите. Имено, ако се најдете на пат кон планината за време на осека, песокта е мокра и може да потонете како во жива кал, а за време на плимата, може и да се удавите.

Заради екстремните плими и осеки, морето честопати се повлекува и до 15 километри за време на пролетта, па оваа планина тогаш е дел од копното, додека за време на висока плима, планината се претвора во остров  целосно опкружен со море.

На врвот на планината се наоѓа манастирот Сен Мишел и средновековната тврдина што го опкружува.  До манастирот водат 900 скалила. Во утврдениот дел денес живеат помалку од 50 жители, а годишно го посетуваат над три милиони туристи.

Виктор Иго рекол дека Мон Сен Мишел за Франција е тоа што се пирамидите за Египет.



Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура