X
 24.10.2019 Живот

Банка вработува поранешни осуденици

Американската инвестициска банка „Џи. Пи. Морган“ во Чикаго почна иницијатива за вработување лица со криминално минато, а целта е на поранешните престапници да им се даде втора шанса.

Најголемата американска банка според обемот на депозитот се здружи со неколку непрофитни организации во Чикаго за да обучува и регрутира кандидати кои веројатно ни во сон не помислувале дека би можеле да работат во банка, мислејќи дека поради криминалното досие нема да можат да работат во финансиски институции.

Оваа иницијатива, која би можела да се прошири и во други градови, е дел од настојувањата на банката да се позанимава со високата стапка на невработеност меѓу поединците со криминално досие.

Компаниите од другите сектори, на пример, во секторот за здравствена заштита, исто така им ги отворија вратите на поранешните осуденици, меѓу кои стапката на невработеност е 27 отсто.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот