X
 24.12.2017 Живот

Клучни точки за успешен бизнис според милијардерот Џеф Безос

Успехот не се мери во пари. Сепак, прифаќањето совет за тоа како да бидете успешни во бизнисот од некој чија вредност е над 100 милијарди долари, веројатно е мудра работа. Според Џеф Безос, извршниот директор на „Амазон“, постојат пет чекори се менувачи на играта кога станува збор за успешен претприемач.

Не престанувајте да го барате соодветниот кандидат за работа


„Претпочитам да интервјуирам 50 луѓе и да не вработам никој, отколку да ја вработам погрешната личност“, вели Џеф Безос. Иако ова се чини екстремно и исцрпувачко, сепак е паметна одлука. Компанијата всушност е она што се и нејзините вработени, така што советот на Безос е да не престанете да го барате вистинскиот кандидат за работа.

„Поставувањето на висока цел во нашиот пристап кон вработувањето беше и ќе биде единствениот најважен елемент во успехот на 'Амазон'“, вели Безос. Инаку зошто „Амазон“ би имал прашања за интервју како: „Како би ги решиле сите проблеми ако сте од Марс?“ или „Вие сте 'Амазон'. 'Самсунг' ви нуди 10.000 „Самсунг Галакси С3с“ за 34 отсто попуст. Дали тоа е добра работа?“

Бидете тврдоглави и флексибилни

Да, можно е човек да биде и двете. „Ако не сте тврдоглави, прерано ќе се откажете од експериментите. А ако не сте флексибилни, ќе ја чукате главата во ѕидот и нема да пронајдете различно решение на проблем што се обидувате да го решите.

Морате да бидете тврдоглави кога станува збор за вашата визија и флексибилни кога станува збор за пристапот. Одлуката каде да се биде тврдоглав и каде да се овозможи флексибилност можеби е тешка, но запомнете дека треба да гледате пошироко.

Бидете опседнати со клиентите, а не да ви го одвлекуваат вниманието колегите


Не се вели залудно „клиентот секогаш е во право“. На крајот на денот, клиентите се тие што ви го одржуваат бизнисот во живот. „Постојат неколку начини да бидете надворешно фокусирани, што се покажале доста успешни. Можете да бидете фокусирани кон клиентот и фокусирани кон вашиот конкурент. Некои луѓе се внатрешно фокусирани и ако достигнат критична маса, тие можат да ја „превртат“ целата компанија“, вели Безос.

Почитувајте ги сите добри идеи поддржани со податоци

Организацискиот дијаграм не треба да игра улога во одредувањето на тоа колку е добра или лоша некоја идеја. „Добрата работа во врска со идеите поддржани со факти е тоа што тие ја надминуваат хиерархијата“, вели Безос. „Најмладиот човек во компанијата може да победи во одредена дискусија со најстариот член што се наоѓа на висока работна позиција, доколку има одлука поткрепена со факти“, додава тој. Од друга страна, идеите базирани на интуиција треба да им бидат оставени на искусните извршни директори.

Не бркајте брзи пари

Сигурно ја знаете поговорката: „Кога ќе му дадеш на човек риба, тој ќе биде нахранет еден ден, но ако го научиш да лови, тој ќе биде нахранет цел живот.“ Тука е важно чувството. Ловењето брзи пари нема да биде долгорочно. Фокусирањето на поголема исплата, на вашиот бизнис може да му даде поголема долговечност. „Понекогаш ги мериме работите и гледаме дека на краток рок тие ѝ штетат на продажбата. Сепак, го правиме, бидејќи веруваме дека краткорочните показатели веројатно не се показатели на долг рок“, вели Безос.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот