Научниците создале машки и женски клетки со ист генетски код од истата личност. Ова може да им помогне на истражувачите да разберат како половите хромозоми влијаат врз различни болести и која е нивната улога во раниот развој на луѓето.
Повеќето луѓе имаат два полови хромозоми, два X хромозоми или еден X и еден Y хромозом. Овие хромозоми го одредуваат полот кај луѓето. Истражувачите знаат дека мажите и жените различно се погодени од медицински состојби и третмани, но не се знае зошто е тоа така. Новото истражување водено од Бенџамин Рубиноф, директор на истражувачкиот центар за матични клетки „Сварц“ при институтот „Голдин Савад“ во Израел, може да го промени ова.
Истражувачите успеале да создадат машки и женски клетки кои генетски се идентични, освен нивните полови хромозоми. Ова ќе им овозможи на научниците да споредат како овие клетки реагираат на лекови или да ги користат во модели за болести за да ги разберат нивните разлики.
Клетките што се користеле во истражувањето биле на лице со Клинефелтеров синдром, кој се карактеризира со присуство на дополнителен Х хромозом во клетките.
Извор:
Interesting engineering
Насловна фотографија: Pixabay