X
 28.12.2023 Здравје

Нов третман убива 99 отсто од канцерогените клетки во лабораторија

Научниците откриле нов начин за уништување на канцерогените клетки.

Тие успеале да ги разделат мембраните на клетките на ракот со синхронизирано вибрирање предизвикано од стимулација на молекули на аминоцијанин со речиси инфрацрвена светлина (делот на брановите должини на електромагнетното зрачење најблиску до нормалниот опсег, но малку над она што можеме да го видиме). Молекулите на аминоцијанинот веќе се користат во мали дози за откривање рак.

Истражувачкиот тим од универзитетите „Рајс“, „Тексас А&М“ и Универзитетот во Тексас вели дека новиот пристап е подобрување од претходно развиен сличен метод за убивање на ракот. Употребата на речиси инфрацрвена светлина е важна бидејќи им помага на научниците да стигнат подлабоко во телото. Со методот би можеле да се третираат ракови на коски и органи без потреба од операција.

Во тестирањето на методот, тој успешно уништил 99 отсто од целните клетки во лабораториски растени канцерогени клетки.

Методот бил тестиран и на глувци со рак на кожата и половина од животните биле излекувани по третманот.

Извор: Science alert
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје